Aristotel (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Pedagogija, Skopje
СОДРЖИНА
ВОВЕД
АРИСТОТЕЛ, ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО
СФАЌАЊАТА НА АРИСТОТЕЛ
СФАЌАЊЕТО НА ФИЛОЗОФИЈАТА НА АРИСТОТЕЛ
ЗАКЛУЧОК
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
До денешниот ден се одржаа спротивставени
мислења за софистите, бидејќи сведоштвата кои се зачувани за нив потекнуваат
претежно од нивните противници: Аристофан, Платон и Аристотел. Се до
таканаречените софисти и Сократ грчkата мисла претежно се занимаваше со
космолошките прашања. Софистите и Сократ го напуштаат тој правец и во своите
расправи настојуваат да го остварат оној императив кој бил изрежан во
делфискиот храм: Gnothi sauton! (Спознај си себеси!). Прашањата како што се:
што е човек, што е вредност, на што се базираат човечките верувања, каква е
природата на правдата која ја пропишуваат и штитат обичаите и законите, што
човек како смртник може да знае, кон што треба да се стреми - доаѓаат во
центарот на интересирањето и стануваат поважни од прашањата за космосот.
Ова се случува во V век п.н.е., кога античкиот
полис (држава) почна да опаѓа, а традицијата имаше се помала вредност, дојде
време кога новите идеи пробиваа пат за себе, и таа епоха имаше свои теоретски
претставници во софистите, многу образовани и способни луѓе, но кои не беа
богати луѓе, а живееа од хонорарите за своите подучувања. Тие патуваат низ
целата Грција, застанувајќи час во еден, час во друг град-држава. Овие луѓе
тврделе дека секого кој сака и на кого му е потребно можат, за одредна парична
надокнада, да го научат на знаење, говорничка вештина и мудрост.
Кои се овие патувачки учители? Тие не се
задржуваат долго во еден град-држава, не сочинуваат една
интелектуално-религиозна заедница; тие не основаат свои школи во некое одредено
место. Најмногу се задржуваат во Атина, која во средината на V век п.н.е. стана
центар на политичката моќ во Грција, но исто така и седиште на еден нов
културен подем. Тоа беше педесетгодишното време кое дојде по победата на грците
над персијанците. Во Атина се зацврстува демократијата, a со неа доаѓа до
дотогаш невидена интелектуална и политичка слобода.
Во таквата општествена ситуација софист станува
професионален „познавач на мудрите нешта", неговото занимање е своето
знаење да им пренесува на други, за одредена парична надокнада. Во самата Атина
софистите се странци, тие доаѓаат од другите градови-држави и, додека
многумина, посебно млади атињани, кај нив изучуваат говорнички вештини кои
можат добро да им послужат во борбата за углед во демократската држава (во
судниците и на народните собири вештината да се говори, убедува и преубедува
беше животно важна), се појавуваат и први гласови на сомневање во дејноста на
тие „странци". Аристофан, популарен атински комедиограф, ја прикажува
дејноста на софистите како опасна и разорувачка во однос на традиционалните
морални вредности и обичаи. Сократ, атињанин, исто така верува дека софистите
продаваат „сомнителна роба" и дека тие „не ја хранат душата со ваљана
храна", бидејќи нивната мудрост во суштина е површна и безвредна. На тој
начин зборот софист постепено добива погрдно значење. Покасно, Платон и
Аристотел, од чии списи добиваме најмногу податоци за дејноста на софистите,
уште повеќе допринесуваат за негативното вреднување на нивната улога. Така
дојде и до тоа да самиот збор софист стана ознака за човек кој, иако има големо
знаење и е вешт во расправите, но кој истовремено се служи со различни јазични
„софизми" за да го доведе својот соговорник во смешна и неугодна
ситуација.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!